Лампард ги коментираше настапите на Пулишиќ и стави дополнителен притисок врз Американецот

Дерби

14/12/2019

14:01

1.643

Големина на фонт

а а а

Адаптирањето на Кристијан Пулишиќ не одеше многу бавно, па освен на почетокот на сезоната кога не добиваше многу шанса, офанзивниот фудбалер сега ужива голема доверба кај Френк Лампард.

Пулишиќ досега има постигнато пет погодоци на 13 настапи во Премиер лигата, што и не е лош податок, но Ламапрд верува дека фудбалерот може да придонесе уште повеќе со својот потенцијал.

Лампард беше запрашан што очекувал од Пулишиќ пред неговото доаѓање, на што тренерот на Челси одговори:

– Многу. Многу повеќе. Мислам дека тој се наоѓа во многу добри позиции затоа што има неверојатен талент и дриблинг вешитна. Мислам дека треба да постигнува повеќе голови, и тоа е следна етапа од неговиот престој овде. Досега сум задоволен од него. Барав многу од играчот, тој играше на многу натпревари во нова лига. Барам многу, а тој добро си ја заврши работата, но јас очекувам многу повеќе, -изјави Лампард и му даде дополнителен притисок на младиот фудбалер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг