Облачно време со врнежи од дожд

Макфакс

14/12/2019

12:38

526

Големина на фонт

а а а

Утринава врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет има во западните и јужните делови. Дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер во долниот тек на Повардарието. Претпладне ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, преку денот ќе се преместуваа кон јужните делови и југоистокот и попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој попладне ќе престанува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг