Првпат снимено како црна дупка голта ѕвезда во галаксијата - погледнете

Точка

14/12/2019

13:45

12.058

Големина на фонт

а а а

Огромна црна дупка буквално голта ѕвезда со големина на нашето Сонце, а ние првпат имаме можност да видиме како тоа изгледа, благодарение на снимките кои се забележани од страна на телескопот на НАСА за “лов“ на планети.

Откако ја видовме првата фотографија од црната дупка, сега можеме да видиме како таа “работи“.

Сателитот на вселенската агенција TESS открил детално исчезнување на ѕвезда која е оддалечена 375 милиони светлосни години и која е повлечена од моќната гравитација на супермасивната црна дупка, објавиле научниците од НАСА, а снимката е споделена и на неа се гледа како ѕвездата со големина на нашето Сонце паѓа во мракот.

На ваква снимка се чека со децении. Астрономте ја користеле меѓународната мрежа на телескопот за да го откријат овој феномен, а потоа се свртеле кон TESS кој е специјално дизајниран да ги “лови“ оддалечените планети, а кој го забележал почетокот на ова драматично случување.

„Тука станува збор за комбинација на способности и среќа која понекогаш навистина ви треба за да ја носите науката напред“ - изјавил астрономот Томас Холоен од институтит Карнеги за науки кој го видел ова истражување објавено во списанието “Astrophysical Journal“.


Таков феномен се случува кога ѕвездата ќе се приближи до црната дупка, објектот кој постои во средиштето на многу големите галаксии, вклучувајќи ја и нашата - Млечен пат.

Многу силната гравитација на црната дупка ја растргнува ѕвездата и еден дел од нејзиниот материјал се исфрлува во вселената, а остатокот влегува во црната дупка формирајќи “жежок диск“, нешто како сјаен плин.

Воочувањето на осцилацијата на светлото додека црната дупка ја “јаде“ ѕвездата и го исфрла нејзиниот материјал во спирален облик би можело да им помогне на астрономите да го разберат функционирањето на црните дупки, научната мистерија уште од времето на физичарот Алберт Ајнштајн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг