Емили Ратајковски му прати брутална порака на Вајнштајн

Точка

13/12/2019

18:14

6.911

Големина на фонт

а а а

"Вајнштајн, обвинет за дела кои се движат од сексуално вознемирување до силување, нема да мора да признае вина или да плати со свои пари", напишала манекенката.

Манекенката Емили Ратајковски на премиерата на филмот "Uncut Gems" во Лос Анџелес се појавила во провокативно издание, а на раката имала напишано "F*ck Harvey", алудирајќи на сексуалниот предатор Харви Вајнштајн. 

Манекенката во тесна црна тоалета покажала со што располага, меѓутоа сите гледале во нејзината рака на која била напишана пораката за Харви. Емили ја споделила фотографијата на Инстаграм, а во прв план била нејзината рака.

"Денес Харви Вајнштајн и неговото поранешно студио направија договор од 22,4 милиони евра со своите жртви. Вајнштајн, обвинет за дела кои се движат од сексуално вознемирување до силување, нема да мора да признае вина или да плати со свои пари", напишала манекенката на Инстаграм.

Потсетуваме, повеќе од 30 жртви кои биле наводно сексуално злоставувани од страна на холивудскиот моќник, наводно постигнале договор во износ од 22,4 милиони евра, што довело до крај на парниците кои се водат против продуцентот.

New York Times во средата објавил дека бил направен договор кој ги вклучува наводните жртви на Вајнштајн во САД, Канада, Британија и Ирска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг