Шест лица го следат Путин до тоалет: Снимката од Елисејската палата ги шокираше сите, а еден детаљ ги разбесни разузнавачите

Точка

13/12/2019

21:38

13.560

Големина на фонт

а а а

Рускиот лидер Владимир Путин е снимен како го напушта тоалетот во Елисејската палата и тоа откако пет телохранители прво се погрижиле околината да е безбедна. Покрај тоа, уште еден телохранител излегол со него од тоалетот.

По тој повод, поранешниот шеф на германската разузнавачка служба БНД, изјавил дека ваквото однесување на Путин е "нечуено". 

Путин потоа именувал еден од своите големи вооружени стражари за член на делегацијата за да може да биде со него во преговарачката соба, што поранешниот германски разузнавач го окарактеризирал како "отворена провокација и закана".

Потсетуваме, на самитот на Нормандиската четворката за решавање на кризата во Украина присуствувале Путин, Емануел Макрон, Ангела Меркел и Владимир Зеленски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг