Ја загуби битката со ракот: Почина Јана Арсовска, девојката за која се собираа средства за лекување во Барселона

Точка

12/12/2019

17:02

11.994

Големина на фонт

а а а

33-годишната Јана Арсовска од Охрид почина денеска по 4-годишна битка со ракот.

Во рок од повеќе од два месеци се собраа половина од потребните пари за лекувањето на Јана на клиниката во Барселона. Таа пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона. 

Јана Арсовска боледуваше од адултен неуробластом, опасен малиген тумор од кој заболува само едно лице во десет милиони. Станува збор за агресивен канцер кој по повеќе од една година повторно ѝ се вратил.

По 4-годишната борба по болници, на Јана ѝ беше одбиена државна нега. По дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која ѝ беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана два пати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.


Во јули годинава, Јана со потресен статус на Фејсбук ја извести јавноста дека ѝ е одбиена државна нега, додека сè уште ги очекуваше резултатите од биопсијата за тоа дали и по трет пат ќе треба да се соочи со сè.

“И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, неспособна за работа сеуште, што чекам резултати од биопсија во страв да не биде коскената срцевина уништена од ударно зрачење, МЕ ОДБИВААТ ЗА НЕГА! Мене, што 4 години од животов ги поминувам во болници.
Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сила за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си заминам од тука. Македонијо, моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам. Амбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна… само да оздравам и би сакала да заминам во некоја друга земја, можеби поправедна! Барем се надевам!!!”, напиша тогаш Јана на Фејсбук.

Почивај во мир, Јана!



Спонзорирани линкови

Маркетинг