[ВИДЕО] Најнова вест: Апсења во „Комуналец“ - Гостивар, приведени директорката и уште двајца раководители

A1ON.MK

20/07/2026

14:11

2.116

Големина на фонт

а а а

Полицијата ја приведе директорката на ЈП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници – техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши.

МВР би требало да објави детали за апсењето, а со тоа можеби ќе стане појасно што точно се случува со водата во Гостивар, со оглед на тоа што неколку институции кои вршеа испитувања и ги имаат резултатите сè уште не ги соопштуваат, бидејќи треба да ги достават до Јавното обвинителство. Од Основното јавно обвинителство, пак, велат дека извештаите ги добиваат денеска, а сè што ќе имаат ќе соопштат утре.