Мицкоски од Париз: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача реформи и борба против криминалот

Макфакс

12/12/2019

15:23

547

Големина на фонт

а а а

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача реформи и бескомпромисна борба против криминалот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК, Игор Николов во Париз остварија средба со пратеникот во францускиот парламент и потпретседател на комитетот за надворешни работи Жак Мари и Францускиот Сенатор и поранешен француски министер за одбрана Алан Ричард.

„Ја пренесовме нашата порака дека после следните предвремени парламентарни избори кои што ќе се случат во април месец следната година, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на исклучително квалитетни реформи од областа на владеењето на правото, обезбедување независно обвинителство, независно судство, нешто што недостасува во овој период. Односно сето она кое што денеска добро изгледа на хартија ќе биде можеби подобрено, но сето она кое што денеска во пракса практично не е применливо ќе биде испорачано во реформите кои што следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе во Македонија, веднаш после предвремените парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Додаде дека на средбите станало збор и за можната економска соработка, зголемување и продлабочување на дипломатските односи помеѓу двете земји, бидејќи Франција била и останува стратегиски партнер на нашата држава и главен промотор во рамките на НАТО Алијансата и во рамките на Европската Унија.

„Практично ја пренесовме пораката дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема само да ветува, туку тоа што ќе го вети практично и ќе го испорача. Во рамките на владеењето на правото, бескомпромисна борба со криминалот, бескомпромисна борба со корупцијата и сто она кое што денеска, повторно ќе кажам изгледа добро на хартија, но за жал имплементацијата недостасува следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го имплементира и ќе биде дел од политиките на идната влада“, изјави Мицкоски по средбите во Париз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг