Посетителите го снимиле лавот кој се обидел да го растргне вработениот од зоолошката градина во моментот кога го хранел

Точка

12/12/2019

14:11

10.615

Големина на фонт

а а а

На интернет објавена е застрашувачка снимка која го прикажува лавот од пакистанската зоолошка градина кој нападнал вработен кој го хранел.

Сето тоа се случило пред посетителите кои целиот тој ужас го снимиле. На снимката се гледа како вработениот го фрла месото на гладното животно, а малку подоцна како мажјакот се обидува да му ја растргне раката.

Додека нападнатиот човек се обидел да ја тргне раката, посетителите се обиделе да го преплашат лавот со викотници.

Откако вработениот се ослободил од лавот, паднал на подот и во шок гледал во раката од која течело крв.

Луѓето веднаш притрчале да му помогнат и навреме бил однесен во болница.

Од Карачи зоолошката градина изјавиле дека на вработениот му е дадена потребна помош за животот да му биде надвор од опасност.

Исто така тие нагласиле дека тој го хранел од погрешна страна на кафезот. 

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг