Провокативната “Mickey“ е една од најдобрите песни во 80-те: Сè уште сите се прашуваат дали песната “зборува“ за анален секс?

Точка

12/12/2019

13:40

1.398

Големина на фонт

а а а

Ова е првиот кореографски спот. Тони и групата девојки се појавуваат како навивачки. Униформите се прекроени верзии на нивните оригинални униформи од средното училиште.

Кога пејачката Тони Басли на 38 години се појавила како навивачка во спотот за синглот “Mickey“ во 1981-та година сите биле позитивно изненадени. Песната првенствено се нарекувала “Kitty“, но Тони ја преимнувала за да пее за мажите.


Веднаш по бјавувањето песната станала планетарен хит, заземајќи го првото место на листите во САД и Канада.

Примарно, стиховите “Oh Mickey, you're so fine, you're so fine, you blow my mind“ давале до знаење дека се посветени на Мики Доленк од бендот Monkees затоа што се верувало дека Тони е заљубена во него. Меѓутоа, таа го негирала тоа велејќи дека “не го познава толку многу“.


Mickey е првиот кореографски спот. Многумина ја нападнале пејачката поради “непристојните“ стихови:

„So come and give it to me

Any way you can

Any way you want to do it

I'll take it like a man“.

Според критичарите на рок музиката, односно според Роберт Кристгау, “Тони Басли била првата жена која сакала да има анален секс“. Тони била згрозена па рекла дека тоа е смешно и дека луѓето даваат значење на сè.

„Песната не зборува за ништо “валкано“. Кога маж би го пеел тоа тогаш тоа би било нормално, а за жените веднаш се претпоставува дека се промискуитетни“ - изјавила Тони.

Овој сингл бил на 5-то место на VH1 листата One Hit Wonders како и во 100-те најдобри песни на 80-те.




Спонзорирани линкови

Маркетинг