Осуден во „Диво Насеље“ ѝ испратил снимки на Фатиме Фетаи за масакрот кај Смилковско езеро

Точка

12/12/2019

12:27

10.515

Големина на фонт

а а а

Еден од осудените за случајот „Диво Насеље“, Шефчет Халачи од затворската ќелија комуницирал со Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвиниелство.

Осудениот Халачи од затворската ќелија во јуни оваа година комуницирал со Фетаи и на обвинителката ѝ испратил прислушувани материјали во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро, односно случајот „Монструм“.

Халачи во комуникацијата на Фетаи ѝ кажал дека тие снимки ги имаат три лица, меѓу кои и Ел Чека кој ќе ги објави на "YouTube". Обвинителката Фетаи му се заблагодарилаи го повикала да ги испрати материјалите и во СЈО, а за тоа направила и службена белешка, пишува Фокус.

Дел од снимките ѝ се познати на македонската јавност - станува збор за разговорите кои за тој случај ги водеа бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска.

Масакрот кај Смилковско езеро беше извршен на 12-ти април во 2012-та година и за овој случај кој ја потресе државата засега никој не е осуден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг