Град под карпи: Дали би смееле да живеете во овие куќи?

Точка

12/12/2019

10:11

5.830

Големина на фонт

а а а

Постојат некои места на Земјата кои делуваат како да не се оваа планета. Логиката на тие места не се поклопува со нашата, бидејќи од нешто се плашиме, но во исто време и му се восхитуваме.

Место кое буди измешани чувства во нас секако е и градот Сетенил де лас Бодегас. Ова место се наоѓа во областа Кадиз во Шпанија, привлекува многубројни туристи, но голем број од нив добро размислуваат пред да минат низ "необичниот" премин. 

Дел од овој град е направен под карпи. Всушност, некои куќи се направени во карпите, чиј еден дел се испакнува над преминот низ кој дневно минуваат жителите и многубројните туристи кои се во посета на Андалузија.

Во градот денес живеат околу 3.000 луѓе, а денес се гледа и големото влијание на Маврите, кои владееле со тие предели. Поради непристапната позиција и секако издржливиот материјал на градбите, Римјаните, но и другите освојувачи, многупати безуспешно се обидувале да го освојат "градот под карпи".



Спонзорирани линкови

Маркетинг