Холандскиот тим уште му е во мислите: Френки Де Јонг со тажна реакција по елиминацијата на Ајакс

Дерби

11/12/2019

14:29

838

Големина на фонт

а а а

Тимот на Ајакс минатата сезона ги освои симпатиите со своите игри успевајќи да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Мотор на тимот беше Френки Де Јонг кој ова лето се пресели во Барселона, а во тимот на Ајакс фали и Матијс Де Лихт кој пак се пресели во Јувентус.

Ајакс синоќа на домашен терен против Валенсија требаше да освои само бод за да се чекира за елиминационата фаза во Лигата на шампионите, но претрпе шоки беше поразен од шпанскиот тим со минимални 1:0.

По крајот на натпреварот помеѓу Интер и Барселона, Де Јонг погледна кон семафорот на „Џузепе Меаца“ и забележа дека неговиот поранешен тим претрпе пораз и елиминација. Неговата реакција од радост за побредата на Барса, се претвори во тага и истата покажува дека љубовта кон клубот во кој го изгради своето име се уште е огромна…

##https://twitter.com/brfootball/status/1204540060038782976?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг