За половина час, три земјотреси ја потресоа Турција

Макфакс

11/12/2019

14:19

734

Големина на фонт

а а а

Три земјотреси со умерена јачина, проследени со повеќе афтершока, ја потресоа Турција во интервал од само половина час, пренесува „Дејли сабах“.

Првиот земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер бил регистриран синоќа во 23.14 по локално време на 127 км југозападно од Бурса, а бил почувствуван и во азискиот дел на Истанбул. Десет минути подоцна во истата област уследил втор земјотрес со јачина од 4,5 степени.

Третиот земјотрес, со јачина од 4,4 степени, бил регистриран 30 минути по првиот, по што се регистрирани серија дополнителни шест потреси со јачина од 4,5 до 1,9 степени по Рихтер.

Нешто пред полноќ, во близина на грчките острви Крит и Касос, регистриран бил силен земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг