Во Непал се наоѓа вистинска, жива божица – вака изгледа нејзиниот живот

Точка

10/12/2019

19:37

3.806

Големина на фонт

а а а

Можеби ќе ви биде тешко за верување, но на Земјата постојат живи богови. Во главниот град на Непал живеат девојчиња-божици на возраст од 3 до 12 години, кои се избрани од свештениците како најмоќни божици на оваа земја.

Секое девојче од пониската каста може да стане божица, а предусловите се да биде убава, здрава и без ниту една лузна или младеж. Хороскопите на сите претенденти се проверуваат поради усогласување со кралот.  


За време на верските празници, самиот крал ѝ се клања на Кумари (божица во тело на девојче). Во текот на целиот период кога божицата е присутна во телото на девојчето, тоа може да ја напушти својата палата само 13 пати годишно, во текот на посебни празници, кога се изнесува на златнa носилка.

Откако од телото на Кумари ќе се испушти првата капка крв, без разлика дали е тоа почеток на менструален циклус или губење на заб, божеството го напушта нејзиното тело и свештениците почнуваат со потрага по нова Кумари.

Главната задача која таа ја има е прием на посетители. Многу Непалки одат кај божицата, бакнувајќи ѝ ги светите нозе и носејќи ѝ дарови.


Кумари не смее да јаде јајца и месо, носи чевли и ги допира оние кои имаат било каква кожна болест. Девојчињата кои се избрани да бидат Кумари ретко ги гледаат своите родители, а обично нивните посети се сведуваат на службени.

При враќањето во реалниот свет, девојчињата ги чека тешко прилагодување. Тие мора да ги научат наједноставните работи во домаќинството бидејќи во дворецот сè било правено наместо нив.


Девојките кои биле Кумари, ги поминуваат своите денови облечени во црвени фустани, тивко изговарајќи тајни мантри. Кога Кумари е во телата на девојчињата, тие имаат забрана да одат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг