Почина популарната пејачка: Се борела со тумор на мозокот

Точка

10/12/2019

15:02

3.502

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка почина, а веста за нејзината смрт брзо се прошири по светските медиуми.

Шведската пејачка Мари Фредриксон од поп групата “Roxette“ почина на 62 годишна возраст, пренесуваат од Би-би-си.  

Мари долго време се борела со тумор на мозокот, изјавил нејзиниот менаџер. Во соопштението стои дека починала во понеделникот 9-ти декември по 17-годишна борба со ракот.

Пејачката во 2002-та година дознала дека има тумор на мозокот откако се онесвестила во домот. Докторите ѝ дале 20 отсто шанси дека ќе закрепне, но по долга и агресивна терапија туморот се повлекол.


Покрај неа цело време бил нејзиниот сопруг Мајкл Болјос и двете деца, 26-годишната ќерка Инес Џозефин и 23-годишниот син Оскар.

„Беше најдобрата пријателка во последните 40 години. Ништо повеќе нема да биде исто“ - изјавил Пер Гесли од “Roxette“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг