Солскјер добил уверување дека ја има поддршката од управата, Јунајтед пикира две засилувања за следното лето

Дерби

10/12/2019

12:48

1.353

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер со двете големи победи против Тотенхем и Манчестер Сити и тоа како си „купи“ мир и сега неговата позиција воопшто не е доведена во прашање.

„Дејли Мејл“ пишува дека Солскјер добил уверување од управата дека ќе може да троши пари во јануари и во летниот преоден рок за да го подобри составот.

Имено, Манчестер Јунајтед „фрлил око“ на играчот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез кој има огромна откупна клаузула во неговиот договор од 128 милиони фунти. Тешко дека „ѓаволите“ би го обезбедиле неговиот потпис во јануари, но се верува дека играчот од средниот ред ќе биде примарна трансфер цел на Солскјер во летниот преоден рок.

Ерлинг Халанд продолжува да се поврзува со „ѓаволите“, па и по него би требало да тргне клубот од Манчестер. За разлика од Саул, тој би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ уште во јануари.

Во моментов пречка претставува неговиот агент, Мино Раиола кој не е во најдобри односи со управата на „црвените ѓаволи“ затоа што тој беше клучниот фактор кој го притискаше Погба да бара нов клуб во текот на летниот преоден рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг