Хорор на Нов Зеланд: Вулканот проработил додека имало туристи во кратерот! Пет загинати, повеќе од 20 исчезнати

Точка

09/12/2019

16:48

6.761

Големина на фонт

а а а

Најмалку 5 лица загинале, а повеќе од 20 се водат како исчезнати, во ерупцијата на вулкан на новозеландскиот Бел остров.

Ерупцијата на вулканот се случила додека во кратерот имало туристи. Како што се наведува, најмалку 23 луѓе биле евакуирани по ерупцијата, а едно лице починало од повредите. Има информации дека најмалку 20 лица биле повредени. 

Повеќе од 40 луѓе и натаму се наоѓаат на островот или во негова близина.

Станува збор за популарно туристичко место, а новозеландските власти стравуваат дека бројот на мртви би можел да се зголеми.

"Некои од туристите се пренесени на брегот, а меѓу нив најмалку еден е во критична состојба", соопштиле од полицијата.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн вели дека се верува дека во моментот на ерупцијата околу островот имало околу 100 луѓе, додека полицијата истакнува дека имало помалку од 50.

Околу вулканот е воспоставена зона во која не е дозволено летање.

Околу 50 туристи, меѓу кои има и странци, се нашле во близина на вулканот во моментот на ерупцијата, некаде на почетокот на попладнето по локално време. Властите пратиле голем број на спасувачи да ги згрижат повредените и да ги пронајдат исчезнатите.

"Голем број на туристи биле на островот или околу него и на еден дел од нив им се губи трага" рекла премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во обраќањето до новинарите во Велингтон.

Повеќе лица биле донесени на цврсто тло, но дел од туристите и вечерта биле на островот, соопштиле од полицијата, додавајќи дека сега е "премногу опасно" да се спроведе акција за спасување на островот.

Службите за итна помош во Вакатане, град на околу 50 километри од вулканскиот остров, навела дека околу 20 луѓе се повредени и дека медицински тимови се обидуваат да дојдат до нив.

"Итните служби очајнички се обидуваат да ги изнесат тие луѓе од островот до болниците", рекла Џуди Тарнер, градоначалничка на Ватакане.

Националната управа за вонредни ситуации ја проценила оваа ерупција како умерена. Сепак, густ столб од чад е видлив во радиус од повеќе километри.

Вест Ајленд, кој е на околу 50 километри од туристичкиот залив Беј оф Плени, авантуристичките туристи обожуваат да го обиколуваат. Тоа е најактивниот вулкан на новозаландскиот архипелаг, според наводите на владината агенција Геонет. Тука има чести ерупции последните 50 години, а последната била во 2016-та.

Новозеландските власти издале национално предупредување поради умерената вулканска ерупција, додека опасност е прогласена непосредно во близина на вулканот.

Бел остров е активен вулкан кој се наоѓа на 48 километри од источниот брег на Северниот остров на Нов Зеланд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг