Хорор во Индија: Избил пожар во фабрика во Њу Делхи додека работниците спиеле! Загинале најмалку 43 лица

Точка

08/12/2019

12:41

1.736

Големина на фонт

а а а

Најмлаку 43 лица загинале денеска во пожар во 6-катница во Њу Делхи, кој избил додека работниците спиеле, соопштиле владините службеници.

Според локалните медиуми, фабриката произведувала торби и голем дел од суровината бил складиран во зградата од која избил пожарот.

Повеќе од 50 лица се спасени, им рекол на новинарите претставник од противпожарната служба во Њу Делхи, додавајќи дека речиси 30 пожарникарни возила се упатиле на лице место и дека повредените биле однесени во 4 блиски болници.

Засега не е позната причината за пожарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг