Сите зборуваат за црниот фустан на кралицата Летиција: Во него секоја жена изгледа како милион долари

Точка

07/12/2019

16:28

3.456

Големина на фонт

а а а

Модните избори на шпанската кралица Летиција секогаш се коментираат. Воглавно коментарите се позитивни, а со последното издание, сопругата на шпанскиот крал Фелипе успеала да го одземе здивот на сите кои се нашле во истата просторија со неа.

Станува збор за заводлив, но истовремено многу дискретен, пристоен и елегантен црн фустан кој со феноменалниот избор на детали изгледа совршено. 


Мрежата на рамениците заведува, ресите го следат телото, додека строгата миди должина го ублажува сексапилниот крој кој ја следи силуетата и дава дополнителна доза на гламур и елеганција.

Со ваква ефектна, но сепак едноставна креација со потпис на “Hugo Boss” не ви се потребни многу акцесоари. За тоа била свесна и самата кралица, која го искомбинирала фустанот со клач чантичка и црни салонки “Manolo Blahnik” со висока потпетица и интересна изработка.


Од накит, Летиција носела само дискретен прстен и пар дијамантски обетки – во кралски стил. Шминката била повпечатлива, а истата ја надополнила со совршено испеглана коса.


Многумина коментирале дека ова е едно од најдобрите модни изданија на кралицата Летиција откако е дел од јавната сцена, а дамите ширум светот коментирале на социјалните мрежи дека сакаат токму ваков фустан како подарок за претстојните празници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг