Околу 900 нарко подморници годишно пренесуваат тони кокаин: Во ловот се вклучуваат и авиони

Точка

07/12/2019

17:24

2.161

Големина на фонт

а а а

Годишно се транспортираат околу 1.000 тони кокаин од Колумбија во Мексико, од каде одат во САД.

Крајбрежната стража на САД во текот на ноември открила две подморници во источен Пацифик, популарно наречени "нарко-подморници". 

Тие носеле кокаин кон САД, во секоја по два тони наркотици. Списанието "Forbes" верува дека тие инциденти се поврзани со заплените на бреговите на Европа и проценува дека трендот на превоз на кокаин со подморници ќе продолжи и во следните години.

Иако за заплените кај брегот на САД се дознало неодамна, тие се случило само неколку дена пред една подморница да бие пронајдена во Шпанија. Тоа кончено пружило доказ за трансатлантската рута на дрогата. Веројатно такви случаи имало повеќе, наведува "Forbes".

Според пишувањето на тоа списание, подморницата пронајдена на брегот на Европа не е единствен феномен. Иако е откриена илјадници километри подалеку, таа има јасна врска со подморниците пронајдени во Пацификот.

Сите тие подморници всушност се пловила од низок профил, правени за да не бидат забележани додека пловат плитко во водата. Тоа не се вистински подморници. Нивните стаклени влакна се над површината на водата, што ги прави тешки за забележување.

Меѓутоа, претходните години биле откриени голем број на вакви подморници, а во ловот по нив се вклучиле и авиони. Инцидентите во кои се откриваат нарко-подморниците се се почести. Подморниците стануваат се помали и поедноставни.

Во 2019-та година биле откриени околу 35 подморници кои пренесувале наркотици. За споредба, во 2017-та година биле откриени 16, а во 2013-та само две.

Сепак, според "Forbes", без разлика што многу се откриваат, повеќето од нив успеваат да стигнат до својата дестинација. Се проценува дека годишно околу 900 такви подморници пристигнуваат на своето одредиште.

Тоа значи дека годишно се транспортира околу 1.000 тони кокаин од Колумбија во Мексико, од каде одат во САД. Мал дел го минуваат и Атлантикот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг