Синот на милијардерот Рокфелер исчезнал во прашума: 60 години подоцна се појавија фотографии, но и морничави детали кои би можеле да ја разрешат мистеријата

Точка

07/12/2019

15:00

11.853

Големина на фонт

а а а

Во јавноста се појавиле фотографии од канибалското племе кое наводно го изел наследникот на семејството Рокфелер пред околу 60 години.

На фотографиите се гледаат мажи, жени и деца од народот Асмат, познати по своите жртви и ритуали.

Фотографот Џанлука Чиодини (41) го посетил ова племе во Нова Гвинеја која денес е дел од Индонезија поради гласините дека токму тие го изеле телото на Мајкл Рокфелер во 1961-та година.

Авторот Карл Хофман верува дека има најверодостојни информации за тоа што му се случило на наследникот на Рокфелер, а деталите ги изнел во книгата “Savage Harvest“, пренесуваат од “Sun“.

Мајкл, син на еден од најбогатите луѓе во Америка во тоа време имал 23 години и бил во неволја кога неговиот катамаран се превртел кај крајбрежјето на Нова Гвинеја која ја истражувал во потрага по богатство.

Тој препливал 16 километри од крајбрежјето и откако конечно излегол на копно еден од припадниците на племето го прободел со копје. Синот на тогашниот гувернер на Њујорк, Нелсон Рокфелер бил удрен по тилот и усмртен на лице место.

Племето тогаш можело да го започне својот ритуал. За разлика од Амазонија, нивната земја немала многу природни ресурси.

Но, во тоа време Холанѓаните кои ја презеле пловидбата на архипелагот во 1800-та година, покажале интерес за колонијата Асмат, а Макс Лапре, познат по строгото водство на владата наредил да се убијат петмина најважни припадници на племето.

Тоа го разбеснило племето кое верувало во крвна одмазда. Бруталните убиства на петорицата мажи оставиле траги во селото и секој ден Асматите трагале да се одмаздат на некој “бел човек“. Токму тогаш се појавил Мајкл, на 19-ти ноември 1961-та година.

Асматите верувале дека кога ќе убијат и изедат човек ја стекнуваат неговата моќ и стануваат како него. Секоја личност добивала име по некој починат или пак по убиениот непријател.

Втората причина поради која Хофман верува дека племето го изел Рокфелер е фактот дека “спасувачките тимови го пронашле како удавен“. Хофман исто така укажал дека ајкулите ретко ги напаѓаат луѓето и дека во тоа подрачје речиси никогаш немало таков случај.

По исчезнувањето на Мајкл, семејството Рокфелер се упатило кон Нова Гвинеја и биле во потрага по него повеќе од една недела. Тогашниот претседател Џон Кенеди испратил сочувство кон семејството, нудејќи поддршка.

Деветтиот ден семејството се вратило дома, а потрагата била прекината, заклучено било дека Мајкл починал поради давење во морето.

Мајкл Рокфелер, синот на Нелсон Рокфелер, гувернер на Њујорк, првиот милијардер во историјата, имал само 23 години кога на 19-ти ноември 1961-та година исчезнал на крајбрежјето на Нова Гвинеја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг