Таа е бездомничка, а пее како оперска дива! Животот ѝ се променил од корен кога го пуштила гласот, еве како...

Точка

06/12/2019

20:32

5.391

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Лос Анџелес ја „фатила“ Емили Замарка како насред метро јаа пее познатата „O Mio Babbino Caro“.

Како што пренесуваат странските медиуми, бездомничката на почетокот не била воодушевена од тоа што полицаецот сакал да ја сними, плашејќи се за својата иднина.


Меѓутоа, кога повторно се опуштила и запеала, тој човек ја качил до ѕвездите, бидејќи на неговиот Твитер профил ја споделил снимката која ја погледнале милиони корисници и се заљубиле во нејзиниот глас.

Емили има 52 години, а многумина искоментирале дека и тие ја сретнале.

„Ја забележав неколкупати додека се возев со метро и видов како ги храни птиците на улица. Никогаш, ама никогаш не би можел да замислам дека има толку убав глас“, гласи еден од коментарите.

Воодушевувањето од уредната бездомничка со ангелски глас брзо се проширило. Исто така, имало и такви кои освен песна, од неа сакале да слушнат како завршила на улица.

Па така, Емили за „Los Angeles Times“ открила дека од Русија се преселила во Америка кога имала 24 години, дека учела да свири на виолина и пијано, како и дека пее имитирајќи ги оперските ѕвезди од телевизија.

Од друга страна, многумина ѝ понудиле помош и се организирале за собирање разни средства. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг