Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Макфакс

06/12/2019

19:21

1.740

Големина на фонт

а а а

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“.

„Од формално-правен аспект не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието“, беше констатирано на попладневното продолжение на седницата во Собранието.

Јанева од притворот во Шуто Оризари испрати барање да ѝ се одреди апанажа. Претседателот на Комисијата, Илија Димовски, минатиот месец образложи дека првиот допис до Комисијата бил испратен од адвокатката Ирена Фрчкоска во име на Катица Јанева, а по неколку дена добиле барање и лично од Јанева.

Ексспецијалната обвинителка е во притвор од 21 август кога беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“. Од Собранието беше разрешена на 14 септември, еден ден пред да ѝ истече мандатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг