"Најважниот совет - не му верувај на Путин"

Точка

06/12/2019

18:10

2.635

Големина на фонт

а а а

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го посоветувал својот наследник Владимир Зеленски да не се состанува со Владимир Путин еден на еден.

"Најважниот совет е - не му верувај на Путин. Би го советувал и да не се состанува насамо со него", навел Порошенко. 

Исто така рекол и дека во текот на претстојните преговори во рамките на "нормандиската четворка" Зеленски не би требало да ја започнува темата гас, за Русија да не добие можност да ја формулира понудата "евтин гас за важни политички отстапки", бидејќи таа би била неповолна за Украина.

Потсетуваме, состанокот на лидерите на "нормандиската четворка" за решавање на ситуацијата во Украина ќе биде одржан на 9-ти декември во Париз.

Оценувајќи ја таа средба, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рекол дека кај него владее поголем оптимизам по повод резултатите од претстојниот состанок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг