За “Црн петок“ нарачал Nintendo Swich, а добил кондоми, дајре и електрична четка за заби...

Точка

06/12/2019

16:56

1.634

Големина на фонт

а а а

Интернет гигантот Amazon им се изинил на своите муштерии поради грешките до кои дошло во текот на “црниот петок“, кога околу 10 купувачи преку тој сервис нарачале конзола за играње Nintendo Switch, а добиле нешто друго.

По приемот на пратката, на купувачите ги чекало непријатно изненадување. Наместо посакуваните конзоли во пакувањето кое им пристигнало имало сè и сешто, од освежувач за воздух и пластично грозје, до електрична четка за заби, микрофони, дајриња и кондоми, пишуваат од “Mirror“. 


Грешката на Amazon веднаш предизвикала бурни рекации на социјалните мрежи. Еден од купувачите, Стив Хенди кој наместо конзола добил кулер за лап топ од 10 фунти, ја објаснил суштината на проблемот:

„Откако пристапив во контакт со корисничкиот сервис ми кажаа дека не можат ништо да направат поради тоа што распродажбата поминала па цените повроно сега биле повисоки. Сега морам да чекам да ми ги вратат парите или да доплатам бидејќи акцијата веќе помина. Дали е тоа фер? Тоа е грешка на Amazon, а не моја, а јас треба да ја исправувам“.


Инаку, ова не е првпат на овој интернет гигант да му се случи нешто вакво, бидејќи претходно купувачите на Nintendo Swich конзоли добивале PlayStation 4, преса за коса, лего коцки, храна за кучиња и прашок за перење алишта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг