Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

Макфакс

05/12/2019

14:47

1.314

Големина на фонт

а а а

На 11-ти декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се реши статусот на вработените во СЈО.

Законот е изготвен од група пратеници од СДСМ и ДУИ и со него се предвидува државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да може да ги потпишува налозите за трошоците на СЈО, за платите на вработените, а со него се предвидува и тој да има надлежност врз истражителите од ова обвинителство. Оваа обврска Јовевески ја добива со менување на членот 112 од Законот за јавнообвинителска служба, кој гласи:

„Сите овластувања кои ги има јавниот обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите во однос на истражителите доделени на работа во Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, ги врши јавниот обвинител на Република Северна Македонија, доколку не е избран јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.“, стои во овој член од предлог-законот.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ засега немаат став во однос на измените во јавнообвинителска служба.

„Не сме го виделе уште текстот на законот. Првично ќе треба да се најде на седница пред матичната комисија на кој ќе биде образложена неговата оправданост. Тогаш и ќе го изнесеме нашиот став, односно дали ќе дадеме поддршка или не“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, статусот на вработените во СЈО требаше да се реши со измени во Законот за јавно обвинителство, кој се носи со двотретинско мнозинство, а за кој власта и опозицијата не успеаја да најдат консензус. Откако не се постигнат договор, пратениците на СДСМ го подготвија Законот, но како што брифираат извори од Собранието, не се нашол на дневен ред бидејќи тогаш не бил погоден моментот за расправа по него.

Законот е подготвен непоредно по разрешувањето на Јанева и враќањето на обвинителите на СЈО во матичните обвинителства. До Собранието е поднесен на 14 минатиот месец, а по него ќе се расправа на седница в среда, кој е ставен како 24-та точка на дневниот ред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг