Меси објасни зошто го даде својот глас за Мане: Тој е играч кој…

Дерби

05/12/2019

13:59

2.072

Големина на фонт

а а а

Добитникот на Златната топка на годинешната манифестација оргнаизирана од „Франс Фудбал“, Лионел Меси објасни зошто го дал својот глас за Садио Мане.

Фудбалерот на Ливерпул ја имаше честа да ги добие гласовите од Меси, но на крај тој заврши како четвртопласиран зад Меси, ван Дајк и Роналдо.

– Оваа година имаше многу феноменални играчи, но го избрав Мане затоа што тој е играч кој навистина сакам да го гледам. Имаше одлична година со Ливерпул, - изјави Меси.

Францускиот медиум „Канал плус“ пак пишува дека Меси му испратил порака на Мане во која му напишал дека е срамно што одличниот фудбалер завршил на четвртата позиција во финалниот избор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг