Фантастични резултати: Ford продава по еден Focus на секои 135 секунди

Точка

04/12/2019

20:07

2.092

Големина на фонт

а а а

И покрај експанзијата на кросоверите и џиповите и фокусот на Ford токму на овој сегмент, американскиот гигант бележи одлични резултати во сегментот на хечбековите.

Секако, станува збор за европскиот пазар каде што Ford има многу причини за задоволство поради моделот Focus.

Имено, од Ford објавија дека продажбата на Focus во 20-те клучни европски земји оди најдобро во последните четири години. Ford продава по еден Focus на секои 135 секунди!


Американскиот производител пред година и пол ја претстави четвртата генерација на Focus, а во меѓувреме продаде 250 илјади примероци на овој модел на Стариот континент.

Вкупно откако Focus во Европа го замени познатиот модел Escort во 1998-ма година, Ford продаде повеќе од 7 милиони автомобили, а една од главните причини за одличната продажба на Focus се смета дека е можноста за избор помеѓу повеќе каросериски облици и бројните опции за мотори.


Ford дополнително ќе ја прошири понудата со хибридна верзија идната година, а потоа пристигнува и „спортистот“ со ознака RS.



Спонзорирани линкови

Маркетинг