Драматично предупредување од СЗО: Ќе се зарази половина од светската популација! Еве која болест им се заканува на милиони луѓе

Точка

04/12/2019

20:14

4.951

Големина на фонт

а а а

Маларијата е болест од која и натаму секоја година заболуваат милиони луѓе и од чии последици животот го губат околу 400.000, во главно деца во Африка.

Причина за таа црна статистика, според соопштението на Светската здравствена организација, е тоа што борбата против оваа инфекција е во застој. СЗО предупредила дека и средствата кои се собираат против оваа болест, од која на секои две минути умира едно дете, е без пораст, како и дека половина од светската популација е под ризик да биде заразена од маларија. 

Светската организација ги повикала државните донатори и владите на земјите кои се најпогодени од оваа болест која ја пренесуваат комарци, да ја засилат борбата против неа.

"Светот покажал дека напредок може да се направи. Но, напредок нема", изјавил експертот на СЗО за маларија, Педро Алонсо.

Тој својата изјава ја поткрепил со податоците на СЗО според кои бројот на заболени од маларија од 239 милиони во 2010-та година, паднал на 214 милиони во 2015-та година.

Бројот на смртни случаи од 607.000 во 2010-та, паднал на 500.000 во 2019-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг