Детали од НАТО самитот во Лондон: Непријатна расправија на "семејната маса", стратегијата на Макрон успеа

Точка

04/12/2019

16:36

5.060

Големина на фонт

а а а

Шефовите на државите и владите во Лондон слават 70 години од НАТО, а иако тоа можеби е добра можност за сликање со кралицата, на самитот всушност се одвива вистинска семејна драма, пишува DW.

Како што се наведува, оној кој своето семејство го нарекува мозочно мртво, како Макрон, кој тоа го повторил и во Лондон, не може да се надева ништо друго освен - молчење на масата или вистинска семејна расправија. 

Клаудија Мејџор, која веќе со години во Фондацијата за наука и политика во Лондон ја истражува одбранбената политика на Европската унија, за DW вели дека францускиот претседател сакал да поттикне дискусија - но, дека е сосема друго прашање дали тоа го направил на конструктивен начин.

Таа оценува дека Макрон е нетрпелив политичар кој смета дека треба "да се побрза во средбата со иднината", па се определил на драстични зборови.

"Ен марче! Така во 2017-та година успеал како аутсајдер да стане претседател на Франција. И својата биографија, во свој типично нескромен манир ја нарекол "Револуција". И сега тој сака револуција во европската одбранбена политика. Бидејќи според неговото мислење, од Американците како гарант на атлантско-европската безбедност нема многу корист", рекла Мејџор.

Професорот на парискиот универзитет Сјенс Фредерик Ансел смета дека неговата стратегија до некаде и успеала бидејќи неговите претерани изјави предизвикале реакција од Германија, што било и целта - да се поттикне дебата, јасно да се заземе позиција, а посебно тоа да го направат Германците.

Клаудија Мејџор додава и дека европските партнери се лути поради солирањето на Макрон и го обвинуваат дека сака да зборува во името на Европа, но не и да разговара со Европа.

Таа смета дека во Полска или Балтичките држави неговите зборови се сфатени како закана, бидејќи во тие земји НАТО важи како единствено животно осигурување против големиот заканувачки руски сосед.

Во Германија, реакцијата исто така била одбивна.

Лош тајминг, смета Клаудија Мејџор - кога во Франција во 2017-та година Маркон станал претседател, во Германија се одвивала предизборна кампања. По изборите биле потребни уште шест месеци за да се оформи влада.

Како што се вели, авторитетот на канцеларката Ангела Меркел паѓа, а коалицијата која таа ја предводи е се понестабилна.

"Тоа се гледа и по дебатата за мозочната смрт на НАТО", вели Мејџор и додава дека Франција и Германија и онака се традиционално неслогласни, како и дека во Франција се скептични кон НАТО и сметаат дека можеби би можеле и без Американците, додека Германците многу се потпираат на Вашингтон.

Се знае дека многу НАТО-дипломати зад затворени врати се согласуваат со Маркон.

Сепак, како што се наведува, НАТО, чисто воено гледано, изгледа добро - тоа и натаму е најмоќниот воен сојуз во историјата, а одвојувањата за одбрана на земјите членки прв пат се зголемуваат во последните 25 години, што нагласил и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но тој го игнорира реалниот проблем, а тоа е недостигот на политичко насочување.

Германскиот министер за одбрана Хајко Мас сака да формира комисија од експерти која на НАТО пактот во наредните месеци би требало да му даде ориентација.

Ни францускиот експерт за геополитика, Фредрик Ансел, ни германската научничка Клаудија Мејџор не сметаат дека една комисија може да го среди повеќегодишниот проблем - Мејџор смета дека таква комисија би можела да биде само потребна мерка за деескалација.

DW заклучува дека расправијата семејната маса е непријатна и се прашува уште колку долго НАТО ќе го игнорира својот проблем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг