Почнува самитот на НАТО во Лондон: Прославата на 70-годишната на Алијансата во сенка на тензиите и поделбите

Точка

03/12/2019

12:32

1.067

Големина на фонт

а а а

Во Лондон денес почнува дводневниот самит на НАТО, чија цел е да се прикаже единственото и силата на Алијансата која слави 70 години од основањето.

Меѓутоа, растечките тензии меѓу членките би можеле да ја помрачат прославата, оценува Voice Of America. 

Во понеделникот навечер во Лондон допатувал американскиот претседател Доналд Трамп, а како што е најавено, лидерите на НАТО денес во Бакингемската палата ќе ги прими кралицата Елизабета Втора.

Меѓутоа, додека се подготвуваат за состанок со Трамп, некои европски лидери и натаму ја доведуваат во прашање посветеноста на Вашингтон кон НАТО.

Во североисточна Сирија продолжуваат судирите по турската офанзива и одлуката на Трамп да ги повлече американските сили, без консултација од сојузниците на НАТО.

Повлекувањето на САД ја разгорело загриженоста по прашањето на американската посветеност кон НАТО.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна рекол дека Алијансата е во состојба на мозочна смрт, апелирајќи до Европа да креира своја сопствена безбедносна структура.

Таа изјава наишла на силен одговор од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој порачал дека европското единствено не може да го надомести трансатлантското единство.

Далеку од тоа дека НАТО може да се окарактеризира како кревок сојуз, но Алијансата сега е многу помалку еластична од порано. Затоа кога нејзините лидери ќе се соберат во Лондон, ќе мора многу повеќе да се помачат за да надминат некои свои разлики, оценува CNN.



Спонзорирани линкови

Маркетинг