Меланија Трамп покажа како ја украсила Белата куќа за Божиќ: Лажен снег, елки и многу лампиони

Точка

02/12/2019

21:48

2.387

Големина на фонт

а а а

Првата дама Меланија Трамп во неделата навечер ја украсила Белата куќа за претстојните божиќни и новогодишни празници.

На празничното видео кое е објавено на Твитер се гледа како Меланија ги мести последните декоративни детали.

На снимката која е објавена на Твитер се покажува првата дама во капут, фустан и штикли во истата боја, како разговара со волонтерите, кои ѝ помогнале да ја декорира резиденцијата.


Семејството Трамп се врати во Белата куќа во неделата откако Денот на благодарноста го помина на Флорида.


Оваа година Меланија се одлучила за лажен снег, ѕвезди и многу елки кои светат. Во Белата куќа се нашло место и за прекрасно цвеќе.


Првата дама и нејзиниот персонал со месеци ја подготвувале декорацијата, а подготовките започнале уште летото, пренесува Дејли Меил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг