Градоначалничката на Драч поднесе оставка по изјавата дека е “среќна што во земјотресот загинале само 50 луѓе”

Точка

01/12/2019

16:05

7.963

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Драч, Валбона Сако, поднесе оставка по непромислената изјава која предизвика бран од критики од страна на лицата погодени од тешкиот земјотрес.

Сако вчера изјавила дека е “задоволна” што само 50 лица загинале во земјотресот бидејќи, како што навела, бројката можела да биде многу поголема. Таа укажала на лошите градби, кршењето на прописи при градењата и корупцијата кои се главните виновници за жртвите. 

Ваквиот избор на зборови предизвикал јавно негодување, а луѓето ја обвиниле дека е бесчувстителна по земјотресот во кој неодамна Драч беше најтешко погоден.

“Многу сум вознемирена од негативните реакции предизвикани од мојата последна изјава. Одлучив да поднесам оставка и им благодарам на сите кои имаа доверба во мене”, изјавила градоначалничката и изразила надеж дека ќе биде разбрана, пренел албанскиот весник “Albanian Daily News” на својот сајт.


По земјотресот, околу 2500 луѓе останаа без кров над глава. Некои се сместени во хотели, дел од нив во шатори, а стотици лица биле одведени во соседно Косово, наведува “AP”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг