Еди Рама потврди: Спасувачките операции завршија, 50 луѓе загинаа, над 2 илјади се повредени

Точка

30/11/2019

11:40

2.143

Големина на фонт

а а а

Потрагата и спасувачките операции по преживеаните во земјотресот кој ја погоди Албанија и официјално се завршени, затоа што се верува дека нема затрупани луѓе во рушевините.

Премиерот на Албанија, Еди Рама соопшти дека настрадаа 50 лица во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала со епицентар во близина на приморскиот град Драч.

Како што наведе албанскиот премиер, над 2 илјади луѓе се здобиле со повреди во серијата на земјотреси кои ја погодија земјата во изминатите неколку дена.

Еди Рама исто така откри дека прелиминарните проценки покажуваат дека околу 900 објекти во Драч и 1,465 во Тирана се сериозно оштетени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг