Ова е терористот од Лондон: Усман Кан бил на условна слобода, веќе бил осудуван за тероризам...

Точка

30/11/2019

11:09

2.039

Големина на фонт

а а а

Британската полиција го идентификуваше напаѓачот кој во петокот со нож уби две лица на лондонски мост.

Станува збор за 28-годишниот Усман Кан кој во 2012-та година бил осуден за тероризам, а минатата година бил пуштен на условна слобода. Со самото тоа, Кан им бил добро познат на британските власти.

„Тој е условно пуштен од затвор во декември 2018-та година, а клучна ставка во истрагата е да утврдиме како го извел овој напад“, изјави шефот на анти-терористичката единица при британската полиција, Нил Баз.

##https://twitter.com/Imamofpeace/status/1200635660664631296##

Лондонски „Тајмс“ пренесува дека Кан бил пуштен на условна слобода откако се согласил да носи електронска направа за следење на затворениците.

Инаку, две лица вчера беа убиени во нападот со нож во близина на Лондонскиот мост, а потоа беше ликвидиран напаѓачот во кого отвори оган британската полиција. Повредени се и две жени кои се пренесени во болница.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави, откако беше објавено дека напаѓачот бил осуден за тероризам, дека потребно е да се заострат судските пресуди за злосторствата поврзани со тероризам.

„Грешка е да им се дозволи на сериозни и насилни криминалци рано да излезат од затвор и многу е важно од тоа да се одвикнеме од тоа и да ги заостриме соодветните пресуди за опасните криминалци, посебно за терористите“, изјави Џонсон.

На Лондонскиот мост и во 2017-та година беше извршен терористички напад. Тогаш исто така тројца радикални исламисти со комби влетаа во група на пешаци, а потоа со огнено оружје започнаа да пукаат кон случајните минувачи. Во нападот беа убиени 8 лица, а 48 беа повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг