“Зелена Револуција”: Маршот за чист воздух во Скопје испорача 250 барања против загадувањето

Точка

29/11/2019

20:45

4.311

Големина на фонт

а а а

Со транспаренти “Сакам да дишам!” и “Нема воздух, нема мир!”, вечерва граѓаните на Скопје маршираа за чист воздух.

Преку протестот наречен “Зелена Револуција”, тие побараа ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот. 


Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места. Како што изјавија на почетокот на маршот, што почна пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање, граѓаните имаат 250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.

Еколошките активистите вечерва покажаа заедништво, како што нагласија, за подобра иднина на нашите деца.


Како дел од 12-те еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Кон тоа премногу сериозно прашање, укажаа, сите влади досега се однесуваат ноншалнтно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг