Спасувачките екипи во Албанија успеале, два дена по силниот земјотрес, од урнатините да извлечат жив 33-годишен маж.
Бројот на настрадани во земјотресот во Албанија се искачил на 49. Во таа земја и вчера имало потреси во земјиштето, со јачина од 4,8 степени.
Бројните спасувачки екипи од Албанија и земјите од регионот, меѓу има и тим од Македонија, веќе четврти ден се обидуваат да пронајдат знаци на живот во разурнатиот Драч и околните населби.
Мажот, жител на Туман, населба најблиску до епицентарот, бил извлечен во драматичната акција од урнатините под кои минал цели два дена.
Толку им било потребно на специјалните екипи да го отстранат бетонот со кој бил затрупан овој млад Албанец.