Премиерот на Малта дава оставка: Убиството на новинарката предизвикало лавина од реакции, ќе биде поднесено обвинение против богатиот бизнисмен

Точка

29/11/2019

21:11

3.023

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, ги известил своите соработници денес дека планира да поднесе оставка.

Таа негова одлука предизвикала политичка и правна криза предизвикана од крахот на истрагата за убиството на новинарката Дефне Каруане Галација.  

Мускат разговарал со претседателот на Малта, Џон Вел, за намерата да се повлече од местото премиер.

Мускат јавно ќе ја соопшти својата одлука откако најбогатиот малтешки бизнисмен Јорген Фенек ќе биде обвинет во суд за убиство на новинарката. Тој ќе започне процес за смена внатре во Лабуристичката партија, а се очекува Малта до крајот на јануари да има нов премиер, велат два извори од владата.

Засега не е познато дали до тогаш заменик премиерот Крис Ферне ќе ја преземе должноста премиер.

Весникот Sunday Times од Малта објавил дека Мускат ќе поднесе оставка во рок од шест до девет месеци, но и дека тоа би можело да се случи доста порано. Мускат прв пат бил избран за премиер во 2013-та година, се доведува во врска со убиството на новинарката која пишувала за корупција во врвот на власта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг