Ердоган брутално го нападна Макрон за НАТО: Ти треба да се провериш да не си мозочно мртов

Точка

29/11/2019

17:09

6.626

Големина на фонт

а а а

Голема бура на реакции предизвика неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон кој изјави дека НАТО Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“.

Макрон во интервјуто за „Економист“ изјави дека НАТО Алијансата минува низ „мозочна смрт“, а тој денес исто така ја критикуваше операцијата на турската армија против Курдите на североистокот на Сирија.

Францускиот претседател меѓу другото порача дека Турција не може да смета на поддршката на НАТО сојузниците во операциите на северот на Сирија.

На ова, турскиот претседател жестоко му возврати на Макрон. Според Ердоган, коментарите на Макрон за НАТО Алијансата го рефлектираат неговото „болно и плитко сфаќање“.


Реџеп Таип Ердоган од Истанбул му порача на Емануел Макрон да провери да не е тој случајно „мозочно мртов“.

Инаку, Ердоган не е единствениот државник кој реагираше на контроверзната изјава на францускиот претседател. Меѓу првите кои се оградија од неговите зборови и порачаа дека не се согласуваат со него беше германската канцеларка Ангела Меркел, додека пак првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг исто така ги отфрли неговите зборови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг