По викендот Боки 13 се враќа во затвор, во вторник на судење за „Рекет“

Макфакс

29/11/2019

14:05

1.580

Големина на фонт

а а а

Бојан Јовановски, Боки 13, во вторник ќе може да присуствува на судењето за предметот „Рекет“. Градската општа болница соопшти дека Јовановски, е здравствено добар и дека ќе биде пуштен од болницата од понеделник.

„Лицето Бојан Јовановски беше хоспитализиран во нашата установа од 26.11.2019 до денес петок 29.11.2019 со упат издаден од докторот во ординацијата во КПВ Шуто Оризари. Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Лицето Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата останува се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања. Истиот се планира да биде испуштен од болничката установа ГОБ 8ми септември, најкасно во понеделник на 02.12.2019 година“, соопштија од болницата.

Првото судење за Јовановски е закажано за вторник 3 декември. Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го извади од притвор осомничениот бизнисмен Орце Камчев, во предметот „Империја“.

Јанева му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при постоење на неизменети околности.

Во натамошниот тек на постапката Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка, или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела, Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски постојано договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од од 1.5 милион евра во различни апоени, и тоа од Ана Камчева пола милион евра, а од Орце Камчев, 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13 и од 50.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг