Џонсон повеќе сака да се случи Брегзит, отколку да остане премиер

Макфакс

29/11/2019

12:40

713

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија најдоцна до 31 јануари, доколку неговата Конзервативна партија добие мнозинство гласови на изборите за две недели.

„Ако успееме да добиеме мнозинство, тогаш ќе бидеме надвор најдоцна до 31 јануари“, изјави Џонсон за радио „ЛБЦ“.

Тој повтори дека не гледа причина зошто Британија треба да го продолжи преодниот период по брегзит по 2020 година, пренесува „Ројтерс“.

На прашањето дали повеќе би сакал да биде премиер или Британија да ја напушти ЕУ, тој одговори: „Претпочитам да нè исфрлам од ЕУ, можам да ви го кажам тоа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг