Мартин Мила: Во авион плачев, кога слетав ми се насмевна среќата

Точка

29/11/2019

21:13

20.710

Големина на фонт

а а а

„Мила е моето срце и без тоа срце не сум комплетен“ вели Мартин Мила кој веќе две години е во Малта. Работи како акустичен изведувач и графички дизајнер. Причината да замине таму, како и на многумина е подобар просперитет, промена на матрица, или како што вели би било лудо да не ги искористи контактите таму. Сега вели дека заработува доволно или онолку колку што смета дека е потребно. За Точка раскажува за животот таму и можноста да се гради кариера како музичар.

Кој е причината поради која замина?

- Малку промена на матрица, промаена на друг јазик, да се пробаш на друго место, да си ја пробаш среќата. После долго време работење на едно исто место знаеш некои работи стануваат монотони, па сакаш да се обидеш и на други места. Малта за тоа е многу погодна, бидејќи има различни култ ури, различни националности, а особено затоа што работам со музика, па сакав да видам и тие како реагираат.

Среќата ти се насмевна уште кога стигна таму на аеродром?

- Да, може да се каже дека ми се насмевна бидејќи во Малта има многу наши луѓе, пред се има Македонци, Срби, Бугари, а некои од тие луѓе кои јас таму гио запознав веќе ме знаеле од свирките низ Македонија тие и ми помогнаа, веднаш ме препорачаа кај газдите кај што работеа. Не ми беше тешко веднаш да најдам кафулиња кај што ќе настапувам како акустичен изведувач.

Тешко ли ти беше или среќен беше што заминуваш?

- Искрено ми беше многу повеќе тешко, а среќен воопшто. Повеќе ми беше страв. Бидејќи ја напу шташ земјата каде сите ги знаеш, каде си инвестирал 13 години во кариера и одеднаш работите не одат и ти си принуден да ја напуштиш својата родна земја, да одиш на непознат терен, кај што незнаеш дали ќе бидеш прифатен пред се. Мојата ситуација налагаше да не заминам со некој многу голем буџет така што се ми беше 50%-50% или ќе биде или не, но фала му на Бога, ете се бидна како што треба.

Ретко има среќа секој да го работи она што го сака и за што го бидува и во странство, како успеа?

- Пријателката моја Дениција која веќе 5 години е на Малта, мноу ми помогна. Таа веќе настапува како акустичен изведувач 5 години и можам да кажам дека ме препорача на првите две места во Растиспон и во Велвет . Подоцна веќе кога слушнаа за мене дека дошол некој Македонец тетовиран со брада кој личи на Малтежанец пред се, тие почнаа сами да се јавуваат и не беше воопшто тешко да се закаже настап. А графичкиот дизајн што си го работам, за се си треба портфолио, така што испратив на одредени фирми за кои работев хонорарно.

Каде и со што настапуваш?

- Настапувам во клубови, пабови, во ланч барови , во ресторани зависи каква музика се слуша и каков амбиент е . А настапувам соло со акустична гитара.

Освен во затворен простор настапуваш ли на плоштади дарежливи ли се странците?

- Да „баскингот“ искрено ми беше многу интересна работа и искрено уживав во тоа, бидејќи таму можеш да дознаше дали те бива или не. Ако си ангажиран во локал како дел од програмата тој ќе мора да те ислуша дури и ако не му се допаѓаш. Ќе ја допие пијачката, пивото и ќе си замине. А кога си на улица и настапуваш, тогаш треба навистина да си добар, да застанат луѓето да ти посветат внимание и да ти дадат комплимент. На Малта беа доста дарежливи со комплименти, дури и со нив може да се живее.

Велат, скапа е киријата во Малта?

- Скапо е во Македонија ако зема 9 000 денари, а платата тие 9.500,тогаш киријата ти е анормно голема. Најефтината кирија на Малта е 550-650 евра, но таму луѓето се групираат, како што велиме ние цимери, така што може да се излезе некако на крај. Високи се да, но според стандардот и примањата мислам дека се ок.

Имаше ли тешки моменти како ги пребродуваше?

- Имав тешки моменти да, ми недостасуваше Мила, таа е тука со мајка и Милица и тоа ми беше најтешкото. Имав огромна дупка, затоа и се враќав почесто во Македонија на 10-15 дена. И ќе продолжам тоа да го правам, бидејќи Мила е моето срце и без тоа срце не сум комплетен. Моментите со пријателите, кои за жал ја губат насмевката и надежта и се повеќе се разочарани.

Би се вратил во Македонија?

- Нормално дека би се вратил. Никоагаш не би останал на страа , но сега за сега оваа пинг-релација е поради подобар проспериет, Малта не е е многу далеку 1:20 минути со авион , а и билетте се многу ефтини. Би било лудо да не ги искористам тие контакти таму.


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг