Откако го нападнаа сите, Макрон почна да се правда: Изјавата за „мозочната смрт“ на НАТО беше повик за будење

Точка

29/11/2019

11:03

1.963

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон се обиде да ја оправда неговата изјава за „мозочната смрт“ на НАТО Алијансата како корисен повик за будење на земјите членки на сојузот.

На првичната изјава на Макрон следуваа жестоки реакции од европските сојузници кои тврдат дека Европа и натаму мора силно да се потпира на НАТО кога станува збор за одбраната.

Инаку, на 3-ти и 4-ти декември во Лондон ќе се одржи самитот на НАТО на кој меѓу другите ќе учествува и американскиот претседател Доналд Трамп.


„Прашањата кои ги поставивме се отворени прашања кои се уште не сме ги решиле. Мирот во Европа, ситуацијата после „ИНФ“ (Договорот за елиминација на нуклеарните проектили од краток и среден домет помеѓу САД и Русија кој неодамна пропадна), односот со Русија, прашањето околу Турција, кој е непријателот? Затоа велам - се додека тие прашања не се решени, не можеме да зборуваме за поделбата на трошоците“, изјави Макрон.

Не пропуштајте: Канцеларката Меркел го нападна Макрон: Ми се смачи да го поправам тоа што го расипувате!


„Затоа можеби ни требаше повик за будење. Драго ми е што тоа беше кажано и драго ми е што сега сите веруваат дека треба да размислуваме за нашите стратешки цели“, изјави Макрон.

Макрон во интервјуто за „Економист“ исто така ги предупреди европските земји дека повеќе не можат да се потпрат на Соединетите Американски Држави, односно дека од Вашингтон повеќе не може да се очекува дека ќе застане во одбрана на земјите членки на НАТО Алијансата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг