Епицентарот на земјотресот кој што се случил синоќа со јачина од 3.8 степени ја погодил Албанија, објавиле од Европскиот медитерански сеизмолошки центар - EMSC.
Епицентарот на земјотресот кој се случил синоќа во 21:37 часот, бил на 28 километри северозападно од Тирана на длабочина од околу 10 километри.
Според локалните медиуми, неколку минути подоцна имало уште еден земјотрес со јачина од 3.3 степени, а епицентарот бил на длабочина од 21 километар, на 15 километри северозападно од Тирана.
Во земјотресот кој ја погоди Албанија на 26-ти ноемви животот го загубија 46 луѓе, а повеќе од 2.000 биле повредени.
По тој земјотрес следеле уште околу 100 потреси како последица на “смирување“ на тлото, вклучувајќи и три земјотреси од пет степени според Рихтер.