НАТО останува без пари: Јенс Столтенберг објавил шокантни податоци во Париз

Точка

28/11/2019

18:45

3.125

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјавил дека САД од следната година ќе уплаќа помалку пари во буџетот на таа воена алијанса, а дека Германија ќе го зголеми придонесот за да ја пополни празнината.

На заедничката конференција за медиуми со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, Столтенберг рекол дека е договорена нова формула за поделба на трошоците и дека "САД ќе плаќа помалку, а Германија повеќе", пренесува AP. 

Сојузниците во НАТО минатата година се договориле околу цивилниот буџет како финансирање на седиштето на организацијата во износ од 228 милиони евра, додека 1,3 милијарди евра биле издвоени за трошоци на воени мисии ширум светот.

Столтенберг навел дека САД и Германија сега ќе плаќаат приближно 16 проценти од вкупниот буџет. Претходно највисок придонес имал Вашингтон, плаќајќи околу 22 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг