Во земјотресите загина и вереницата на синот на Еди Рама

Точка

28/11/2019

14:15

2.767

Големина на фонт

а а а

Меѓу жртвите во разорниот земјотрес кој ја погоди Албанија е и вереницата на синот на премиерот Еди Рама.

„Меѓу многуте жртви во природната катастрофа, под рушевините е пронајдена и мојата вереница, заедно со нејзиниот брат, мајка и татко“, напиша синот на Еди, Грегор Рама на Инстаграм.

Станува збор за 24-годишната Кристи Реци која што неодамна дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана.


Како што пренесуваат албанските медиуми, ниту премиерот Еди Рама не можел да ги задржи солзите кога бил запрашан за вестите кои му ги пренел неговиот син.

Премиерот на Албанија накратко порачал дека не сака да зборува за работи кои се лични.



Спонзорирани линкови

Маркетинг