Дрон снимил застрашувачки сцени: Во Драч како да имало војна, еве што останало од градот

Точка

27/11/2019

19:00

6.239

Големина на фонт

а а а

Албанскиот град Драч е најтешко погоден во страшниот земјотрес од 6,4 степени, во вторникот, а снимките направени со дрон покажуваат колкава е штетата.

Бројот на жртви се искачи на 29, но не се знае точниот број на исчезнати.

Спасувачките тимови со сите сили ги бараат луѓето кои се затрупани во рушевините.


Сите згради, дури и оние највисоките изградени после 90-те години, немаат потпорни ѕидови и биле придржувани од столбови, изјавил премиерот Еди Рама.


Додал дека куќите генерално се дизајнирани и изградени за да издржат силни земјотреси, посилни и од шест или седум степени според Рихтеровата скала.


„И покрај тресењето и страшното чувство за земјотресите, вистинската опасност е далеку“, истакнал Рама.