Заврши извлекувањето на подморницата со кокаин во Шпанија

Макфакс

27/11/2019

12:39

1.442

Големина на фонт

а а а

Шпанските власти конечно, по повеќедневна акција, успеале од дното на морето да ја извлечат подморницата, која шверцери на кокаин ја напуштија во близина на брегот на Галиција.

На подморницата, долга 22 метри, беа пронајдени 3 тони кокаин, а изработена е во импровизирано бродоградилиште во Суринам или Француска Гвајана.

„Никој се уште не видел ваква подморница, дури ни Колумбијците“ рекол неименуван извор од полицијата за „Паис“, наведувајќи дека Шпанците ги споделиле информациите за ова пловило со сите полициски организации, вклучително и со Интерпол и американската Агенција за борба против дрога.

Слични подморници со години превезуваат кокаин кон САД, но шпанската полиција е прва европска безбедносна служба која успеала да заплени вакво пловило.

Како што соопшти шпанската полиција, двајца Еквадорци, кои се уапсени, требало за 20 дена во мини-подморницата да го поминат океанот, по што една недела чекале покрај брегот некој да ја преземе пратката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг