Конечно официјално ставен крај на дилемите кои ги загатна Ибрахимовиќ со објавата за Хамарби: Можноста да се приклучам на овој тим…

Дерби

27/11/2019

11:49

2.154

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ со својата објава на социјалните мрежи вчера го привлече вниманието од светската фудбалска сцена.

Тој објави дрес од шведскиот клуб Хамарби и многумина тоа го протолкуваа дека Ибра го објавува својот нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Сепак, тоа не е така и Ибрахимовиќ со објавата најави дека тој ќе стане косопственик на шведскиот клуб откако откупил дел од акциите на Хамарби

– Хамарби е фантастичен клуб со страствени навивачи и е многу почитуван во Стокхолм и Шведска. Секогаш ми се допаѓаше клубот и фановите. Да се има можност да се пирклучам на Хамарби ми е забавно и возбудувачки, -изјави Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг